Со огромно задоволство ви ја најавуваме новата фармацевтска компанија INNventa pharm.
INNventa pharm е основана во 2011 година со седиште во Белград.
Главната мисија на компанијата е воведување и промовирање на иновативни фармацевтски производи - лекови, медицински средства и додатоци во исхрана кои имаат клинички докажана ефикасност и безбедност и кои ги почитуваат строгите критериуми за квалитет според кои сме препознатливи.
Формиравме уникатно INNventa бренд портфолио благодарение на соработката со реномирани партнери од Шпанија, Грција, Италија, Аргентина, САД.
Посебен фокус е ставен на терапевтски групи и индикации од областа на урологија, ортопедија, гинекологија, ендокринологија, ОРЛ, физикалнa медицина, кардиологија.
Тимот на INNventa се карактеризира со уникатна организациска култура, професионален пристап кон клиентите, партнерите и стручната јавност како и силниот тимски дух.
Comments