На барање од пациентите, ги систематизиравме речиси сите клинички докажани ефекти на активните состојки од нашата Imunitinn® линија за поддршка и зајакнување на имунолошкиот систем.
Витамин Ц
Докажано го скратува времетраењето на вирусните настинки предизвикани од риновируси и грип и до 14%, а воедно го намалува ризикот од вирусни настинки и грип за дури 50%!
Цинк
Докажано влијае врз неколку хемиски сигнални молекули кои се дел од имунолошкиот систем (т.н. цитокини) и служат како медијатори на воспалението, на пример TNF-α и IL-2. Дефицитот на цинк докажано предизвикува намален број Т-клетки и последователно намален хуморален и клеточен имунитет. Цинкот, исто како витамин Ц, докажано го скратува времетраењето и тежината на симптомите од вирусни настинки (риновируси) ако се земе во рок од 24 по отпочнување на првите симптоми. Редовната суплементација на цинк, исто како витамин Ц, докажано ја смалува честотата на горно-респираторни вирусни инфекции, за дури 50%.
Витамин Д3
Покрај општо познатото имуномодулаторно дејство на витамин Д3, докажано е дека оптималните концентрации на витамин Д3 се поврзани со намален стрес на ендоплазматскиот ретикулум во моноцитите, стрес кој во спротивно би предизвикал нивно прилепување за артериските ѕидови.
Исто така, атопискиот дерматит како хронична воспалителна болест поврзана со чешање, сува кожа и преосетливост на алергени. Иако вистинските причини за болеста не се познати до крај, заболувањето е дефинитивно поврзано со нарушена кожна бариера и прекумерна активност на имунолошкиот систем, која засега и до 20% од децата и 3% од возрасните. Најновите истражувања укажуваат дека дефицитот на витамин Д3 може да биде еден од позначајните фактори.
Lactobacillus rhamnosus CRL 1505
Серија најнови клинички студии укажуваат дека пробиотската бактерија Lactobacillus rhamnosus CRL1505 има потенцијал да го модулира имунолошкиот одговор на одредени бактериски и вирусни респираторни инфекции преку механизми кои сѐ уште се предмет на истражувања.
EGCG
Епигалокатехин-3-галат (EGCG) е состојка добиена од зелен чај, која има многубројни ефекти врз физиолошките и патолошките процеси во човековиот организам. Оваа состојка покажува интензивна антивирусна активност, односно спречува влез на вируси во клетките, на пр. HIV, грип, хепатит C, како и размножување на вирусите како што се хепатит B, аденовируси и херпес вируси.
Во последните клинички студии недвосмислено е покажано дека EGCG значително ги спречува инфекциите со SARS-CoV-2 и другите корона вируси. EGCG во најмала рака делумно го спречува влезот на SARS-CoV-2 во целните клетки, но исто така и MERS и SARS-CoV што укажува на широк спектар антивирусна активност. EGCG се врзува со површинските протеини на вирусот и спречува прилепување на вирусите herpes simplex 1, хепатит С, грип (инфлуенца А), вакцинија, аденовирус, реовирус и VSV.
EGCG ги инхибира псевдотипичните вирусни вектори и има широко спектрална антивирусна активност
EGCG ја инхибира вирусната репликација на SARS-CoV-2
EGCG спречува врзување на SARS-CoV-2 со рецепторите
EGCG има инхибиторен ефект врз вирусната репликација ако се даде рано во тек на инфекцијата
Imunitinn® - заштита од инфекции во текот на 24 часа
Превенција на вирусни инфекции на респираторен тракт
Ублажување и лекување на симптоми на грип и настинка
Помошна терапија во лекување на вирусни, бактериски и габични инфекции
Превенција на бактериска суперинфекција кај вирусни инфекции
Стимулација на имуниот систем
Заштита на клетките од оксидативен стрес
Комфорна терапија, примена еднаш на ден
留言