Натокиназа е еден од неколкуте ензими кои се добиваат од хранливиот производ Nattō (варена соја, ферментирана од страна на бактеријата Bacillus subtilis) кој се чини дека има директна фибринолитичка активност (разградување на засирената крв). Се употребува за намалување на ризикот од кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести.
Натокиназа е еден од многуте ензими изолирани од ферментираниот хранлив производ познат како Nattō (варена соја специјално ферментирана со бактеријата Bacillus subtilis), за кој првобитно се сметало дека е киназа, од каде всушност потекнува и името. Всушност се работи за серин протеза од класата суптилисин и се користи како додаток на исхраната со фибринолитички својства (ензимско разложување на фибринот) со што го намалува ризикот од кардиоваскуларни и цереброваскуларни болести, така што спречува создавање на тромби и прекумерно засирување на крвта.
Ензимот е активен веднаш по внесувањето во организмот, иако сѐ уште не е до крај познато дали е директно активен. In vitro експериментите (експерименти кои се спроведуваат надвор од организмот) укажуваат дека натокиназата директно го разградува фибринот, а клиничките студии потврдуваат дека пероралното внесување натокиназа предизвикува намалено создавање тромби. Натокиназата се метаболира во биоактивни пептиди кои вклучуваат и фактор на коагулација (ткивен активатор на плазминоген), кои последователно исто така имаат фибринолитички ефекти, така што вкупниот ефект (фибринолиза и спречено прекумерно засирување на крвта) се должи на комбинација од механизми на дејство кои допрва треба да се истражуваат.
Метаболните производи на натокиназа, кои се добиваат откако топлината и стомачните киселини ќе го разградат ензимот, се биоактивни пептиди кои исто така може да го намалат крвниот притисок преку ренин-ангиотензин II системот.
Натокиназа има влијание за намалување на факторите за коагулација на крвта VII и VIII.
Целосните бенефити од натокиназа за кардиоваскуларниот и цереброваскуларниот систем меѓу другото се должат и на други ензими создадени при процесот на ферментација, како и високата концентрација на витамин К, кој исто така се содржи во Nattō.
Наша препорака е да се комбинира Natokinn® со Oligopinn® за максимален синергистички ефект!
Исто така, доколку сакате потполно природна алтернатива за перорална фармаколошка профилакса со аспирин како антиагрегационен лек, Natokinn® е комплетно безбеден и ефикасен избор.
Оптималната доза натокиназа изнесува околу 500mg или 5,000 FU (фибринолитички единици) дневно, кои вообичаено се поделени во 2 дози, кои се земаат со оброк.
Comments