top of page
Search
vlatkon

PEA новел безбеден супстрат за ендоканабиноидниот систем без регулаторни ограничувања


Повеќето пациенти кои бараат ублажување на болката се потпираат воглавном на 3 семејства молекули: опиоиди, габапентиноиди и не-стероидни против-воспалителни лекови. Овие широко користени лекови се поврзани со сериозни несакани ефекти.


Во последната деценија расте интересот за 4-то семејство молекули со подобар безбедносен профил и задоволително ублажување на болката, од природно потекло - добиени од канабис. Потрошувачите засилено бараат природни алтернативи и ова е една од причините зошто CBD производите станува сѐ попопуларни. Јавната свест за CBD е највисока во споредба со кога и да било, а маркетинг истражувањата укажуваат на тоа дека глобалниот канабис пазар се проценува на 20.5 милијарди американски долари во 2020, со проекции за раст и до 90.4 милијарди американски долари во 2026 година, односно комбинирана стапка на годишен раст од 28%. Истите истражувања укажуваат дека, демографски, возраста од 18 до 29 години е целната група која најверојатно би користела CBD производи.


Како и да е, CBD производите се соочуваат со низа предизвици како што се: недостаток на доволно издржани клинички студии, правно-регулативни проблеми, безбедност, комплијанса, дозирање и погрешно деклариран состав на производите.


За обичните потрошувачи, потенцијалните здравствени придобивки се поважни од регулаторните прашања. За многумина од нив, CBD е позициониран како “Светиот Грал” на додатоците во исхраната, со наводни способности за ублажување на стресот, смирување на воспалението, подобрување на расположението и зајакнување на имунитетот. Позитивната страна на овој став е дека CBD производите предизвикаа зголемен интерес за ендоканабиноидниот систем (ECS), како клуч за она што потрошувачите го бараат од нивните додатоци во исхраната.


Во моментов, CBD е насекаде, но на сцената од неодамна се појави и PEA - релативно нов додаток на исхраната со потенцијално аналгетски, против-воспалителни и невро-протективни бенефити.


Што е PEA?


PEA е палмитоилетаноламид (PalmitoylEthanolAmide), супстанција која природно се произведува во телото како механизам за поправка во периоди на зголемен стрес, болка и воспаление. Станува збор за едноставна масна киселина која се категоризира како дел од поширокото семејство ендоканабиноиди.


Канабиноидите се семејство на хемиски соединенија кои претставуваат супстрат за рецепторите кои се наоѓаат во ендоканабиноидниот систем (ECS) кој постои во телото. Самото тело природно произведува сопствени канабиноиди, познати како ендоканабиноиди, кои директно или индиректно реагираат со овие рецептори. Канабиноидните рецептори се присутни во сите ткива од телото. Главните рецептори се CB1, кои се пронајдени во мозокот и нервите од 'рбетниот столб и CB2, кои се пронајдени во дигестивниот и имунолошкиот систем.


Ендоканабиноиден систем или ECS


ECS е важен систем кој е вклучен во хармонизирање на низа телесни функции, како што се стрес, воспаление, расположение и имуномодулација. Тој се состои од ендогени канабиноиди (ендоканабиноиди), канабиноидни рецептори и ензими кои ги синтетизираат или разложуваат ендоканабиноидите. Најпознатиот ендоканабиноид е анандамид.


Канабиноидните рецептори од ECS се пронајдени во кожата, коските, масното ткиво, бубрезите, црниот дроб и на многу други места во телото.


CBD и ECS


Кога CBD ќе навлезе во телото, речиси и да не прави ништо во ендоканабиноидниот систем (ECS). Како и да е, тој активира или инхибира други соединенија или клеточни рецептори во телото. На пример, CBD делува на канабиноидните рецептори CB1 и CB2 за да го ограничи разложувањето на состојката анандамид (AEA) или т.н. “молекула за блаженство” која е поврзана со регулирање на непријатност, неудобност. Важно е притоа да се напомене дека анандамид (AEA) е ендоканабиноид кој делува на CB1 рецепторите. По потреба, нашето тело природно создава AEA и веднаш го користи. Масната киселина амид хидролаза (FAAH), потоа го разложува AEA, а CBD всушност ја инхибира FAAH пред да го разложе AEA.​


Друго соединение кое има ефект врз AEA е PEA, односно палмитоилетаноламид (PalmitoylEthanolAmide).


PEA и ECS


Неодамнешните студии покажуваат дека PEA, слично како CBD, може да влијае на ендоканабиноидниот систем. За разлика од CBD, PEA е структурно слична на “молекулата за блаженство” анандамид (AEA) и токму поради ова, може да ги засили ефектите на AEA и да ја инхибира FAAH.​ PEA исто така делува како директно, така и индиректно во централниот и периферниот нервен систем. Директно, PEA го смирува локалното воспаление преку спречување на активноста на про-инфламаторните гени и производството на многу воспалителни медијатори преку PPAR-α рецепторите. Индиректно, PEA ги зголемува како нивоата така и активноста на останати состојки, на пр. AEA, кои се против-воспалителни и ја олеснуваат, односно ублажуваат болката. Овој механизам на дејство се нарекува ‘антураж ефект’.​


PEA - има разлика


PEA е темелно проучен и докажан во повеќе од 900 научни трудови, 40 клинички студии и верифициран преку низа мета-анализи, за различни состојби, поради што е безбедна и клинички докажана алтернатива за CBD.


PEA - каде се наоѓа


Иако можеби никогаш до сега не сте слушнале за PEA, за прв пат е откриен пред повеќе од 60 години. Уште во 1940-тите, научниците забележале дека суплементацијата на детската исхрана со прав од жолчка на јајце поттикнува здрав имунолошкиот одговор. Натамошните истражувања во 1957 година довеле до откритието дека жолчката од јајце содржи специјално соединение, PEA, кое ги овозможува овие бенефити за имунитетот. PEA потоа е откриен и во кикирики и соја лецитин. PEA исто така природно се наоѓа во ткива како што се срцето, мозокот и мускулите.


Како е различен од CBD?

CBD

PEA

Се добива од канабис / коноп

Се добива од сончогледов лецитин

Недоволно истражен

Истражуван речиси 80 години

Недоволно издржани студии

Базиран на докази

Малку објавени клинички студии врз луѓе

Голем број студии врз луѓе

Болка и епилепсија

Болка, воспаление, когниција, аутизам, срцеви болести, депресија, стрес и друго

Голема варијација на ефективна доза (од 10 mg до 1200 mg)

Добро дефинирана доза од 1200mg на ден

Надворешен (егзо) канабиноид

Внатрешен (ендо) канабиноид кој и телото само го произведува

Останува во телото

Се произведува само кога има потреба

Има несакани ефекти

Нема пријавени несакани ефекти

Не е неопходен на телото

Постојат состојби каде е неопходен и дефицитарен

CBD не е маркер за ниту една болест

PEA веројатно е маркер за низа здравствени состојби

Може да содржи мали траги од недозволениот THC

Не содржи THC


Зголемување на PEA апсорпцијата


Поради тоа што по природа е сличен на мастите, PEA не се раствора добро во вода, со што апсорпцијата и биодостапноста во дигестивниот систем е мала. За да се надмине ова, развиена е посебна, нова технологија за дисперзија. Pharmako Biotechnologies, по налог на компанијата Gencor развива нов, брендиран облик на PEA под името Levagen+, кој има значително поголема биодостапност и ефек, благодарение на LipiSperse® системот на обложување - молекулите на РЕА се обложени при што се намалуваат хидрофобните својства и се овозможува:

  • Супериорна растворливост

  • Подобрена апсорпција во цревата

  • Брзо делување

  • Помала доза - поголем терапевтски ефект

Lipisperse® технологијата значително ја зголемува апсорпцијата на РЕА во гастроинтестиналниот тракт, како и концентрацијата на PEA во крвната плазма, која е 1.75 пати поголема во споредба со стандарден PEA. Забележан е брз почеток на дејство, додека пикот на концентрацијата во крвната плазма е измерен 45 минути по перорална употреба.


Кај кои здравствени состојби може да помогне PEA?


1. Ублажување на болка и смирување на воспаление


Редукција на хронична и невропатска болка во период и до 60 дена, како и смирување на воспалителен одговор кај низа хронични, воспалителни, дегенеративни и невродегенеративни состојби:

  • артритис - остеоартритис и ревматоиден артритис

  • фибромиалгија

  • периферни невропатии - дијабетска и невропатија предизвикана од канцер или хемотерапија

  • синдром на карпален тунел

  • толеранција на опиоиди и хипералгезија

  • болки во долниот дел од грбот - дискус хернија и други

  • ишијас

  • болки во забите

  • невропатска болка - по мозочен удар или кај мултипна склероза

  • воспалителна болест на дебелото црево

  • хронична карлична болка

  • херпес зостер или постхерпетична невралгија

  • вагинална болка (вулвадиниа)

  • трауматско оштетување на мозокот или хронична трауматска енцефалопатија

  • сите болни и воспалителни состојби на периферниот и централниот нервен систем

2. Зголемени перформанси и скратено време за опоравок


Пониски нивоа на лактати во мускули за време и по физичка активност, што значи зголемен аеробен и намален анаеробен метаболизам, што овозможува високо ниво на интензитет за подолг временски период. Дополнително, пониски нивоа на миоглобин по физичка активност - протеин кој се наоѓа во мускулните ткива одговорен за транспорт и складирање на кислород. Нивоата на миоглобин растат како што се зголемува мускулното оштетување, така што PEA всушност спречува оштетување на мускулите и ги зголемува спортските перформанси.


3. Сон и спиење


PEA промовира мирен сон преку активација на CB1 рецепторите, кои имаат смирувачки ефект кој поттикнува спиење. Исто така ја продолжува REM фазата преку активирање на TRPV1 каналите (ванилоидниот рецептор).


4. Зајакнување на имунитетот и регулација на имуниот одговор


PEA може да помогне за смалување на шансите да се настине и ја смалува тежината на симптомите, меѓу кои се треска, главоболка и ангина.


5. Заштита на нервниот систем


6. Оптимизација на когнитивните функции


7. Општа благосостојба и подобар квалитет на живототот


Ендоканабиноидите помагаат за регулирање на расположението, емоциите, перцепцијата на задоволство и многу друго. PEA потенцијално може да одигра улога како антидепресив, да помогне за смалување на вознемиреноста и стресот преку способноста да ги зголеми нивоата и дејството на “молекулата за блаженство” анандамид. Понатаму, оние лица кои имаат повисоки нивоа на PEA во крвта покажуваат подобра толеранција на стрес.


Референци


Достапни на Ваше барање.

1,237 views0 comments

Commenti


bottom of page