Клиничките студии докажаа врска меѓу инфекцијата COVID-19 и зголеменото згрутчување на крвта, што придонесува за оштетување на ѕидот од крвите садови и создавање крвни тромби со сериозни компликации на болеста.
Според последните истражувања, речиси 1/3 од пациентите со COVID-19 инфекција имаат високи вредности на неспецифичните параметри за згрутчување на крвта (Д-димери). Терапијата со лекови кои го намалуваат згрутчувањето на крвта се смета за корисна кај овие пациенти бидејќи го намалува ризикот од компликации како што се срцев или мозочен удар.
Инфекцијата со новиот коронавирус и последователното зголемено згрутчување на крвта може успешно и безбедно да се третира со природни производи - како што е ензимот натокиназа.
Докажано е дека натокиназа ефикасно ги раствора крвните тромби, спречува создавање наслаги на ѕидовите од крвните садови и натрупување тромбоцити, со што обезбедува оптимален крвоток во телото.
Nattokinn® од INNventa Pharm содржи фибринолитичен ензим натокиназа NSK-SD® и фолна киселина.
Ефикасноста на Nattokinn® се манифестира како забрзана стапка на разложување на тромби, намалување на Д-димерите и останатите параметри за засирување на крвта, што е многу важно за пациентите кај кои брзо се формираат крвни тромби (COVID-19 пациенти) со цел да се спречат сериозни компликации.
Nattokinn® има одличен безбедносен профил и природно го стимулира разложувањето на крвните тромби, без несакани ефекти (крварење).
Comments