top of page
Search

FORTICOLINN® - Иновација за здрави и цврсти коски


На коските не им треба само калциум


Додатоците на исхраната со калциум се сѐ побројни, а сепак сѐ повеќе луѓе страдаат од остеопороза и остеопенија.


Коските се состојат од минерални кристали ("цемент") поставени во "арматура" од органски колаген. Сами по себе, кристалите би биле екстремно кршливи. Како што мостовите се изградени од бетон и челична арматура, колагенот во коските е неопходен за нивната флексибилност и еластичност.


Остеопорозата е состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, што доведува до зголемена кршливост на коските и последователен ризик од фрактури (скршеници).


Остеопенијата е всушност раниот стадиум на остеопороза, која може да започне на 35 годишна возраст, со прогресивно намалување на коскената маса. Ризикот за фрактури на коските понатаму се дуплира на секои 10 години, како за жени, така и за мажи.


FORTICOLINN® стимулира создавање на колагенски матрикс


Специјалните колагенски пептиди во FORTICOLINN® ги стимулираат клетките на коските да го зголемат создавањето на колаген.


Клинички докажано подобрување на коскеното здравје


Во времетраење од 12 месеци, 180 жени со намалена коскена маса дневно примаа 5 грами FORTICOLINN® или плацебо. Разликите во коскената маса беа мерени во 'рбетот и вратот на бутната коска со DXA скен.


FORTICOLINN® групата покажа значително подобрување на коскената густина.


Остеопорозата и остеопенијата се глобални проблеми


Коскената атрофија и губењето коскена густина и стабилност се проблем кој е најчест кај пост-менопаузалните жени. Но не само кај нив. Поради продолжениот животен век, остеопенијата и остеопорозата се голем меѓународен здравствен проблем кој ја чини економијата 37 милијарди евра во ЕУ и 20 милијарди долари во САД.


FORTICOLINN® е развиен со цел за поддршна на коскеното здравје, вклучително коскена густина и намалување на деградационите процеси. FORTICOLINN® е наменет како за повозрасните, така и за физички активните потрошувачи кои сакаат да одржуваат добро здравје.





453 views0 comments

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page