top of page
Search
vlatkon

Две иновативни решенија за мажи

Според светските статистики, речиси 19% од мажите имаат некаков облик на еректилна дисфункција (ЕД), односно 1 од секои 5.


Преваленцата на ЕД се зголемува со возраста, па така лесната или умерената ЕД се зголемува за 10% со секоја деценија од животот. На пример, 60% од мажите над 60 годишна возраст може да доживеат некоја форма на ЕД.


Како и да е, ЕД исто така може да им се случи и на помладите мажи. 1 од 4 мажи кои за прв пат бараат третман за ЕД е под 40 години. Студиите наведуваат силна корелација меѓу пушењето и употребата на дрога кај овие мажи, во споредба со повозрасните. Навиките и начинот на живот се многу важни фактори за ЕД кај помлади мажи.


Иако ризикот за ЕД расте со годините, ЕД не е задолжителна и неизбежна. Општо кажано, колку сте поздрави, толку се подобри сексуалните функции.


Превенција


Може да преземете неколку чекори за да спречите ЕД, од кои повеќето се однесуваат на здрав живот:

  • Контролирајте ги медицинските состојби како што се срцева болест или дијабет

  • Имајте редовна физичка активност

  • Одржувајте нормална телесна тежина

  • Фокусирајте се на здрава исхрана

  • Смалете или контролирајте го стресот

  • Побарајте помош во случаи на вознемиреност или депресија

  • Ако пушите тутун, престанете

  • Консумирајте алкохол умерено и одговорно

  • Не користете лекови кои не се препорачани од Вашиот лекар

Одете на редовни контролни прегледи. Вашиот доктор ќе ги следи важните клинички показатели, како што се крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта. Ова може да помогне за рано одредување и третман на состојби кои потенцијално може да предизвикаат ЕД.


Причини


Постојат многу вообичаени причини, од кои дел се:

  • здравствена состојба

  • болест

  • стрес

  • лекови

  • алкохол

  • проблеми во врската со партнерот

  • напредна возраст

Прогноза


Во повеќето случаи, симптомите на ЕД може да се подобрат. Докторите имаат на располагање многу препарати и третмани.


Вашиот третман ќе зависи од широк спектар на фактори, вклучително тежината на ЕД и тоа дали е предизвикана од некоја специфична здравствена состојба. Во консултација со Вашиот доктор ќе дознаете кои се предностите и недостатоците на сите препарати или третмани.


Најважно е да се запамети дека ЕД е вообичаена состојба. Ако имате симптоми на ЕД, не се колебајте да поразговарате со Вашиот доктор. На тој начин ќе се исклучат сите посериозни причини и ќе се започне со третман.


226 views0 comments

Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page